Ракомет

Атанасов: Како тим функционираме одлично – целта ни е историска есен без пораз

Сподели
Сподели

Десното крило на РК Младост од Богданци и младински репрезентативец, Ѓорѓе Атанасов, во пресрет на последниот натпревар од есенската полусезона против Преспа во Ресен, ја сподели својата анализа за досегашниот тек на сезоната.

На прашањето како е задоволен од своите и од тимските настапи, Атанасов вели дека тимот функционира одлично.

„Лично сум задоволен од моите настапи, но секогаш има простор за напредок. Најважно е што како тим функциониравме добро и покажавме константност во текот на целата есенска полусезона и ете дојде и последниот натпревар на кој влегуваме како големи фаворити.“

Тој ја коментира и тежината на првиот дел од сезоната.

„Да имавме тешка есенска полусезона но дадовме сите се од себе и така стигнавме до единаесет победи од единаесет натпревари резултат кој за нас претставува многу големо достигнување. Но овде нема да застанеме, ова за нас претставува уште поголем мотив за вториот дел да работиме уште повеќе и со добри припреми да го дочекаме вториот дел за остварување на нашата цел.“

РК Младост влегува во последниот меч како неприкосновен лидер со 11 победи од 11 натпревари и максимални 22 бодови. Триумф во Ресен би значел нова страница во богатата историја на клубот — есенски шампион без ниту еден пораз.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!