ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со тоа го имаме и конечниот изглед на табелата. Проект е непоразен лидер на табелата со максимални 18 бодови, а поранешниот шампион од валандовско Јосифово има шест од шест, притоа го има најдобриот напад со 53 голови кој го предводи голгетерот Марио Благојевски и најдобра одбрана во шампионатот.

Шампионот Форца е на второто место со 15 бодови, единствениот пораз е од Проект, а пак Кеги Моби е на третата позиција со 12 бодови на своето конто.

Во средината неколку екипи се израмнети, а на дното или во опасната зона за директно испаѓање се повратникот во лигата Мал Ајакс од Штип и ланскиот финалист во Купот, тимот на Осогово од Крива Паланка.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ Проект 6 6 0 0 53 11 +42 18
2 КМФ Форца 2015 6 5 0 1 40 19 +21 15
3 КМФ Кеги-Моби Велес 6 4 0 2 25 20 +5 12
4 КМФ Клими Кавадарци 6 3 0 3 25 24 +1 9
5 КМФ Јувентус Серава 6 3 0 3 24 29 -5 9
6 ФК Балкан 2017 / КМФ 6 3 0 3 38 51 -13 9
7 КМФ Бутел 2022 6 2 1 3 18 24 -6 7
8 КМФ Шкупи 1927 ДОО 6 1 1 4 28 42 -14 4
9 КМФ Мал Ајакс 6 1 0 5 25 38 -13 3
10 КМФ Осогово 2022 Крива Паланка 6 1 0 5 31 49 -18 3


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Прва лигаФудбал

Деветтото коло на ПМФЛ во три дена: Тиквеш – Брегалница во 12 часот, Башкими и Струга го затвораат колото

Деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига се отвара во сабота во...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!