Втора лигаФудбал

Реми во Гевгелија и Радовиш, Охрид доминира, Саса и Брегалница пресилни!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во рамки на денешното вонредно 10. коло од Втората лига во Гевгелија се соочија Кожуф и Арсими, реприза на мечот од првото коло од Купот на Македонија, но сега дербито имаше друг сјај, трити бодови беа императив каде

На полувреме резултатот беше 1:1 откако Арсими преку Шефити дојде до 0:1, а Најдовски со еврогол израмни на 1:1 на полувреме.

Во второто полувреме Ангел Кочев не реализираше пенал, Ислами го прочита неговиот удар од белата точка, а шанси имаа и двете екипи, кои не реализираа, па 1:1 беше конечниот исход во Гевгелија.

Дербито на колото се играше во Радовиш каде Детонит Плачковица се соочи со ланскиот прволигаш Македонија ЃП во дерби каде немаше погодоци и немаше победник (0:0).

Осогово го пречека одличниот Охрид каде одново запиша пораз од 0:2 со што охриѓани дојдоа до шест од шест. За охриѓани погодија Дишлиевски и Парталко во вториот дел.

Саса и Победа се соочија во дуел каде трите бодови беа важни и за двете екипи но Саса беше пресилна со 4:0.

Саса преку Симевски дојде до рано водство од 2:0, а Талески погоди за 2:1 на полувреме. Во вториот дел Ќосески и Ајрули ги поставија конечните 4:1.

Во Автокоманда се соочија некогашните прволигаши Скопје и Беласица каде струмичани славеа со 0:2 со головите на Капсаров и Стојанов.

Брегалница на домашен терен се соочи со Борец во меч каде сините беа големи фаворити и ја оправдаа таа улога со 4:0.

Уште во првиот дел Брегалница ја најави победата над Борец кој оди во нова длабока резултатска криза впишувајќи нов голем пораз од 4:0.

На полувреме фаворитот имаше 3:0 откако Кристијан Јордановски си постигна автогол, а потоа погодија Димитриевски и Абази. Во вториот дел Абази со втор гол ги постави конечните 4:0 за победа на Брегалница.

Вардар Неготино излез од резултатската криза бараше против Новаци каде домашниот тим конечно победи со 3:1.

На полувреме во Неготино беше 2:1, кога Најдов погоди за 1:0, а Стојчев израмни. Потоа преку повратникот Неделков домаќинот имаше 2:1 на полувреме.

Во вториот дел Младеновиќ ги постави конечните 3:1.

Вардарски на домашен терен прва победа бараше против фаворитот Башкими но беше поразен со 0:3 откако стрелаа Саити и Хамза за фаворитот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!