Ракомет

Младост со европски ракомет – Аеродром падна, 11 од 11 за „буденслигашот“ од Богданци

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Тимот на Младост Богданци продолжува да гази низ Првата лига како машина. Во натпревар од 12. коло, екипата на Горан Андоновски ја потврди својата доминација и со победата од 36:31 над Аеродром стигна до неверојатен биланс – 11 победи од 11 натпревари.

Младост игра ракомет на ниво што одамна не се видел во нашето прволигашко друштво. Брза транзиција, агресивна одбрана и ефикасен напад – стил кој многумина го опишуваат како вистински „буденслигашки“ ракомет, со темпо што ретко која екипа може да го издржи.

  • Доминација од самиот старт

Во салата „Млаз“, домаќините уште од првата минута ја наметнаа својата игра. Првиот дел беше ракометна лекција – темпо, идеи, сила, флуидност. Резултатот 23:15 на полувреме е најдобра слика за она што се случуваше на теренот.

Аеродром во второто полувреме се обиде да се врати, па во 48. минута стигна до пристојни 30:28, но Младост ниту за момент не дозволи вистинска закана. Кога беше најпотребно, играчите на Андоновски повторно го вклучија „европскиот режим“ – цврста одбрана, брзи напади и безгрешна реализација.

  • Машинерија што не запира

Во последната фаза од натпреварот, Младост повторно ја презеде целосната контрола и рутински ја затвори приказната. Тимот функционира како целина, игра со уверување и со стил што сè повеќе потсетува на стабилен европски клуб.


  • Андоновски, Адамовиќ, Ѓуриќ – трио што носи разлика

Најпрецизен и повторно лидер на терен беше Даниел Андоновски со 11 погодоци, играјќи во ритам што ретко кој дефанзивец може да го сопре. По него следеа Лазар Адамовиќ и Ѓорѓе Ѓуриќ, кои запишаа по осум гола и беа столбови во напаѓачкиот систем на Младост.

Кај Аеродром, најдобар беше Никола Иванов со седум погодоци, а Матеј Марковски и Бојан Поповски постигнаа по шест.

  • Младост – бред со голема историја

Ова не е само победа, ова е порака. Младост Богданци игра ракомет со дисциплина, брзина и идеја која ретко се гледа дури и кај елитните клубови во регионот. Тим кој делува организирано, компактно и опасно на секоја позиција.

Со ваков стил, со ова темпо и со оваа психологија – Младост не изгледа само како фаворит за влез во Суперлигата. Тие изгледаат како клуб кој веќе живее во ритамот на европскиот ракомет како во минатото и сигурно е дека клубот ќе работи да се врати одново на европската сцена како што беше во минатото кога Младост играше во ракометна Европа.


Денес се одигра уште еден меч од 12. коло на Првата лига, во Автокоманда екипата на Мулти Есенс со 34:29 го доби дербито со Вардар Неготино. Немања Џигеровски беше прво име кај победникот со 12 гола, а два помалку постигна Бобан Поповски. За екипата од Неготино најмногу голови постигна Мице Шилегов, вкупно девет, а со пет го следеше Ѓорѓи Орешков.

Утре во Штип ќе се соочат Текстилец со Драчево Јуниор, Кичево ќе игра против Преспа, Македонија ЃП со Партизан, а пак Јехона со Шампион.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија. Клубот во минатото се натпреваруваше и во Втората македонска...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!