Трета лигаФудбал

Напредок со победа ја затвори 2025 година – бод за Љуботен во ремито со Дрита

Сподели
ФОТО: ФК Напредок
Сподели

Кичевски Напредок со 1:3 славеше над Ренова во Џепчиште во последното есенско коло на Трета лига – Запад.

До победата екипата на Напредок стигна преку пресврт, откако на полувреме популарните „гипсари“ имаат гол предност – во 31. минута прецизен беше Ерзен Ходаи.

Во второто полувреме во дербито на некогашните прволигаш, Напредок направи комплетен пресврт. Осман Исмаили во 54. минута погоди за 1:1, а пак Вецко Вренцоски во 77. минута за комплетен пресврт. Во 88. минута Јован Никодиноски стави печат на високата и убедлива победа.

Љуботен со реми против Дрита и освоен бод во рамки на 11. коло ја затвара 2025 година.

Резултатот во Брвеница беше отворен со автоголот на Теодор Стојанов за водство на Дрита од 0:1 веќе во 15. минута. Сепак, по седум минути Филип Бимбилоски погоди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Теодор Стојанов ја поправи грешката од првиот дел и погоди во 50. минута за 2:1 и водство на Љуботен, но истото траеше само петнаесетина минути кога Бесарт Абази погоди за конечни 2:2.

Колото се комплетира утре со останатите мечеви.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија остана на врвот, но шампионот Вардар е на минус три, станува неизвесно во средишниот дел на табелата

Шкендија успеа да го сочува врвот од табелата по девет кола во Првата лига, откако Струга не успеа да слави над Башкими, но...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Грозд го декласира Банско со 6:1, Готен покажа моќ, Петар Томов со хет-трик за Единство, висока победа за Слога од Злеово

Готен со убедлива победа од 4:1 над Сачево ја отвори сезоната во Општинската фудбалска лига во Струмица. Првото полувреме од мечот кој се...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими го шокира фаворитот Струга Трим Лум и освои големи три бода!

Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1...

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!