ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска – македонската судијка на големата фудбалска сцена во Мароко

Сподели
Сподели

Македонската интернационална фудбалска судијка Ивана Пројковска продолжува да го гради својот впечатлив интернационален углед. По настапите оваа година во Јужна Америка – во Колумбија и Еквадор – таа повторно ќе ја претставува нашата земја на едно големо натпреварување, овојпат на африканскиот континент.

Пројковска е единствената македонска судијка што има судено натпревари на три различни континенти, исклучувајќи ја Европа, што ја прави вистинска пионерка во женското судење кај нас. Нејзиниот следен предизвик ќе биде на FIFA Women’s Champions Cup, новоформирано натпреварување кое ги собира шампионите од сите континентални женски клупски лиги.

  • Дел од елитен судиски тим од шест лица

ФИФА го објави официјалниот список на судии за дуелот од втората рунда на турнирот меѓу АС ФАР од Мароко и кинескиот шампион Вухан Јиангда, кој ќе се игра на 14 декември во Бершид, Мароко. Пројковска ќе ја има улогата на четврти официјален судија, дел од шестчлениот стручен тим кој ќе го води овој значаен меч.

Главен судија ќе биде Хрватката Ивана Мартинчиќ, со своите сонароднички Сања Рожак-Каршиќ како прв помошник, а вториот помошник е Словенката Сташа Шпур. На натпреварот ќе има и ВАР, за што се делегирани и судиите кои ќе бидат во ВАР собата, тоа се Романецот Овидиу Хатеган како ВАР и Србинката Јелена Цветковиќ како АВАР.

Составот на тимот покажува дека натпреварот добива голема тежина за ФИФА, а со тоа и присуството на Пројковска претставува уште едно признание за нејзината работа.

  • Веројатно останува за уште еден меч

По дуелот во Мароко, Пројковска речиси сигурно ќе добие уште една интернационална задача. Дел од третата рунда на FIFA Women’s Champions Cup ќе се одигра на 21 декември, а иако официјалната локација и натпревар сè уште не се објавени, проценките се дека ФИФА ќе ја задржи во ритам и на овој дел од турнирот.


  • Светска елита и пат до финалната фаза

Победникот од натпреварот меѓу Вухан Јиангда и АС ФАР ќе обезбеди место во финалната фаза што ќе се игра во Лондон од 28 јануари до 1 февруари 2026 година. Таму веќе чека европскиот шампион Арсенал, а другата полуфинална двојка ќе биде меѓу шампионот на Северна Америка – Готам ФК, и јужноамериканскиот првак Коринтијанс.

За Пројковска, повторното ангажирање од страна на ФИФА е силна потврда за нејзиниот континуитет, професионализам и довербата која ја има како меѓународен фудбалски судија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ПОБЕДНИЧКО ФОТО: Новаци со голем скок, од дното до седмо место во Втора лига

Екипата на Новаци стигна до втората сезонска победа, откако славеше во Гевгелија над Кожуф со голот на Христијан Драгарски со минимални 0:1, во...

Ракомет

Вардар Неготино испушти плус СЕДУМ и загуби од Пролет, високи победи за Шампион и Илинден, Овче Поле го доби Аеродром

Пролет ја доби драмата во Неготино откако со тесни 24:25 славеше над Вардар во рамките на второто коло на Првата ракометна лига. Натпревар...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ПОБЕДНИЧКО ФОТО: Новаци со голем скок, од дното до седмо место во Втора лига

Екипата на Новаци стигна до втората сезонска победа, откако славеше во Гевгелија...

Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победите, 2:0 против Шкендија Арачиново – крај на победничката серија на дебитантот

Вардар се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Пелистер со петта победа во низа, Каменица Саса убедлива против АС Јунајтед

Пелистер продолжува со одличните настапи во Првата македонска женска фудбалска лига, откако...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер го доби дербито со Охрид, ново реми на Беласица, победа за Новаци, бод за Осогово

Шестото коло на Втора лига го донесе и дербито меѓу ланските прволигаши...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!