РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ВИДЕО) Изов со втора победа: Младите фудбалерки на Македонија до убедлива против Азербејџан во Струмица

Сподели
Сподели

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, предводена од искусниот селектор Кирил Изов, ја запиша втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) во Струмица, совладувајќи ја селекцијата на Азербејџан со 3:1.

Нашиот млад национален тим прикажа зрела и доминантна игра од самиот старт на натпреварот. Калина Попоски го отвори резултатот во 19. минута по убаво скроена акција, поставувајќи го темпото на мечот во полза на Македонија.

Само осум минути подоцна, предноста беше зголемена на 2:0 благодарение на Теона Галабовска, која успешно реализираше пенал. Галабовска продолжи со одличното издание и во второто полувреме — во 49. минута ја затресе мрежата по вторпат и го постави комотното 3:1.

Фудбалерките на Азербејџан успеа да намалат преку Јуругова во 35. минута, но тоа беше максимумот што го направија, бидејќи избраничките на Изов контролираа и темпо и посед до самиот крај.

Со оваа победа, Македонија прави голем чекор напред во квалификацискиот циклус и со висока доза на самодоверба го најавува решавачкиот дуел против Словенија во последното коло.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Убедлива победа на Македонија U20: Данев и Величковски го решија мечот во Шан

Македонската фудбалска репрезентација до 20 години вчера забележа убедлива победа од 0:3...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: Тимот е млад, мотивиран и подготвен да се претстави достоинствено

Репрезентацијата на Македонија до 20 години, предводена од селекторот Александар Таневски, денеска...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Еве кога фудбалската репрезентација на Македонија ќе го добие новиот селектор!

Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на вчерашната седница...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!