Втора лигаФудбал

Херојот Јованоски и „жетварите“ на прием кај градоначалникот Грозданов и Андов по победата над Брегалница!

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

По големата и заслужена победа над Брегалница во Штип, делегација од ГФК Осогово оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, и претседателот на Советот, Александар Андов.

Средбата доаѓа во вистински момент – само едно коло пред крајот на есенската полусезона, кога „жетварите“ се наоѓаат во цврста борба за подобри позиции на табелата.

Осогово викендов славеше минимална, но огромна победа од 0:1 против Брегалница, меч кој ќе остане запаметен по блескавата партија на голманот Ѓорѓи Јованоски. Чуварот на мрежата со две фантастични одбрани на пенал буквално ги донесе трите бодови во Кочани и ја подигна самодовербата на целиот тим.

По 14 одиграни кола, Осогово има 23 бодови и го дели седмото место со Детонит Плачковица – пласман кој дава добра основа за уште поголем напредок напролет.

„На средбата беа истакнати борбеноста, дисциплината и посветеноста што фудбалерите и стручниот штаб ги покажаа на дербито. Грозданов и Андов упатија признание за успехот и изразија поддршка за понатамошниот развој на клубот и спортот во нашиот град. Овој прием претставува дополнителен мотив за сите во клубот да продолжат посветено да работат на тоа Осогово да биде стабилен второлигаш кој на среден рок со утврдена динамика на прогрес може да биде конкурент за толку посакуваното враќање во 1 МФЛ“, велат од ГФК Осогово.

Екипата на Осогово есенската полусезона ја затвара на домашен терен против Новаци, дуел на две екипи кои играат одлична есен.


Сподели

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!