Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Илиевски: Ова беше заслужена победа, веќе се насочуваме на Ирска

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Македонската кошаркарска репрезентација го отвори претквалификацискиот циклус за Евробаскет 2029 со убедлива победа над Азербејџан во СРЦ „Кале“. Избраниците на селекторот Марјан Илиевски одиграа зрело, борбено и доминантно, обезбедувајќи триумф кој дополнително ја крева увереноста пред гостувањето кај Ирска за три дена во Даблин.

Ирците вечерва загубија на гостувањето во Луксембург, но селекторот Илиевски останува внимателен и максимално фокусиран на подготовката за вториот предизвик во групата „А“.

По натпреварот, тој беше задоволен од тимскиот пристап и енергијата кои неговите избраници ги прикажаа:

„Ова беше заслужена победа. Морам да ја пофалам тимската хемија и енергија која постои во овие три дена. Никогаш ниту преценуваме, ниту потценуваме некого. Но мора да ги пофалам играчите дека за краток период функционираа одлично, и тоа што го покажаа на теренот и го покажува и семафорот, е заслужено. Овој дуел со Азербејџан го забораваме и архивираме и останува да се спремиме за она што ни следи – Ирска.

Имаме патување за Ирска, и како и за секој меч е исто. Мора да направиме добар скаутинг и во краткиот период да ги рехабилитираме играчите кои имаат поголема минутажа и се повозрасни. Мора да функционираме со енергија на високо ниво, а без разлика кој е на другата страна, мора да бидеме максимални“.

Илиевски објасни и зошто за овој натпревар на позицијата „натурализиран играч“ настапи Омаре Мур:


„На овој меч играше Омаре Мур затоа што има промена во нивниот тим кај натурализираните играчи, па ние решивме да користиме играч на бековската позиција. Секако дека Мур ги оправда очекувањата на стартот, иако дојде веднаш по мечот со Баерн.

Се вклопивме добро, и станува збор за вистински професионалец и позитивна личност. Можеби јавноста очекуваше дека ќе се случуваат атракции и многу поени, сепак, тој донесе стабилност и ја држеше целата екипа со искуството кое го носи со себе. Добро ја постави својата игра и си ја заврши задачата“ – дополни селекторот.

Македонија по одличниот старт сега ја насочува целата концентрација кон Даблин, во обид да го осигура идеалниот старт од 2-0 во претквалификациите.


Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

Денеска се дознава последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија!

Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното место во следната фаза ќе го пополнат Вардар Неготино или Работнички,...

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!