Македонската репрезентација до 15 години загуби од врсниците на Србија со 0:4 на возвратниот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Гостинската репрезентација беше подобриот противник и на реванш мечот, Србија славеше со 4:1 на првиот натпревар.
Мирковиќ во седмата минута го отвори резутатот, а откако сто процентна шанса за израмнување пропушти Јанчевски во 45. минута, противникот за само девет минути во продолжението постигна три гола за конечни 0:4. Банковиќ во 67. минута и Бериќ во 71. и 78. минута беа стрелци на головите.