По вечерашниот тренинг во салата на СРЦ „Кале“, селекторот на машката сениорска кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, го одреди финалниот список од 12 играчи кои денес ќе бидат во официјалниот состав за натпреварот Македонија – Азербејџан.
Нашиот национален тим ќе влезе во мечот со цел да ја обезбеди првата победа во „А“ групата од претквалификациите за Евробаскет 2025 година. Илиевски се одлучи за состав кој комбинира искуство, младост и проверени имиња од домашното првенство и странските лиги.
ФИНАЛНИ 12 ЗА НАТПРЕВАРОТ СО АЗЕРБЕЈЏАН
-
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
-
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
-
Стојан Ѓуроски – Работнички
-
Андреј Митревски – Пелистер
-
Лука Стојановски – Пелистер
-
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
-
Теодор Симиќ – Кожув
-
Адем Мекиќ – Бора (Косово)
-
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина (Косово)
-
Лејсон Зеќири – Башкими (Косово)
-
Андреј Јакимовски – Тренто (Италија)
-
Омари Мур – Валенсија (Шпанија)