Сите фанови на нашата најдобра машка кошаркарска селекција ги очекуваме во четврток, од 19 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје. Машката сениорска репрезентација на Македонија тогаш ќе го одигра својот прв натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2029.
На 27 ноември, во „Кале“ ни гостува селекцијата на Азербејџан, во првиот претквалификациски дуел од групата „А“.
Македонската кошаркарска федерација упатува повторен повик до сите љубители на спортот и поддржувачите на нашата репрезентација да дојдат и да им дадат силна поддршка на момците. Влезот е слободен, а присуството на публиката ќе биде од големо значење во овој важен натпревар.
Во соработка со Македонската радио и телевизија, обезбеден е и директен ТВ пренос, кој ќе започне од 19 часот.