Трета лигаФудбал

Лидерот Еуромилк ГЛ со „петарда“ за Пчиња стана есенски шампион, Куманово и БВК Коњаре пресилни!

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ | Еуромилк ГЛ - Ржаничино
Сподели

Некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ продолжува да ги полни мрежите на противниците и да бележи убедливи победи на патот кон баражот за втора лига.

Денес тимот од Горно Лисиче со 5:1 ја декласираше Пчиња и така беа обезбеди нови лесни три бода.

Еуромилк ГЛ е есенски шампион во Трета лига – Север.

Кристијан Кипријановски погоди по две минути игра за водство на гостинот од 0:1, а до крајот на првиот дел голгетерот Орхан Мифтар погоди за 1:1. На стартот од вториот дел Мифтар постигна уште еден гол за пресврт од 2:1, а од крајот на мечот Ахмед Бакијов со два гола зголеми на 4:1, а пак Николче Стојановски си постигна автогол за 5:1.

Беса од Слупчане доживеа тежок пораз од 0:5 од екипата на Куманово. Во високата победа учествуваа Андреј Јовановски и Гезим Бакиевски со по два гола, а резултатот го отвори во 4. минута Александар Крстевски.

БВК Коњаре на домашен терен со 4:2 го доби новиот третолигаш Студеничани. Домаќинот со двата гола на Елмир Алији имаше два гола предност, во вториот дел за домашниот тим погодија Муадх Куртиш и Дамјан Антевски, а за гостинот стрелаа Сабри Алиу и Фејзула Шабани.

Неизвесен натпревар со три гола во вториот дел одиграа Башкими Љуботен и Беса од Сарај на теренот во Бутел. Аддас Рамадани и Аљбин Љамалари погодија за 2:0, а во судиското надополнување Зирап Имери ублажи на конечните 2:1.


Поради голема количина на теренот мечот меѓу Ржаничино и Фортуна не се одигра, истиот во договор на двете екипи ќе се одигра другата недела.

„Во констатација со двата капитени и главниот судија натпреварот не се одигра затоа што теренот беше на многу места покриен со вода и топката отскокнуваше и не се движеше. Домаќините правеа напори да го оспособат теренот но не успеаа во тоа до почетокот на натпреварот.
Двата претставника и капитените на двете екипи се сложија натпреварот да се одигра наредната недела“, се вели во записникот.

Претходно како што објави Спортска Мрежа, Лопати со 2:3 загуби од Отља, а пак Аеродром со 9:0 го доби Кадино, извештајот од овие мечеви е достапен овде.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД 13 12 1 0 57 16 +41 37
2 ФК Аеродром 2018 13 9 3 1 44 17 +27 30
3 ФК БВК КОЊАРЕ 12 9 2 1 38 20 +18 29
4 ЗГ ФК КУМАНОВО 12 7 2 3 30 15 +15 23
5 ФК ФОРТУНА 1975 12 7 2 3 27 15 +12 23
6 ФК ПЧИЊА 2015 13 6 3 4 34 21 +13 21
7 ФК РЖАНИЧИНО 12 5 3 4 34 22 +12 18
8 ФК БЕСА с.Слупчане 13 4 1 8 23 40 -17 13
9 ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН 13 3 3 7 26 38 -12 12
10 ФК БЕСА – Скопје 12 3 2 7 18 26 -8 11
11 ФК Студеничан 12 2 3 7 18 35 -17 9
12 ФК ЛОПАТИ 97 12 2 2 8 15 30 -15 8
13 ФК КАДИНО 13 1 3 9 11 51 -40 6
14 ФК ОТЉА 12 1 2 9 14 43 -29 5


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!