Трета лигаФудбал

Прва радост за Отља во калливото дерби – борбениот Нуредини блесна, Кадино доживеа катастрофа

Сподели
Сподели

Отља конечно ја запиша првата сезонска победа во Трета лига – Север, славејќи со 2:3 на калливиот терен во Доброшане против Лопати, тим кој исто така е нов третолигаш. Мечот од 13. коло понуди голема борба, полн интензитет и драматичен финиш – а најголемата приказна беше јунакот на гостите, Фатон Нуредини.

Гостите од општина Липково рано дојдоа до предност. Сабри Ибиши го отвори резултатот уште во 12. минута, а Ќендрим Абази со прецизен удар во 36. минута зголеми на 0:2. Лопати сепак не се предаде – во самиот финиш на првото полувреме Мухарем Исени намали на 1:2 и внесе неизвесност.

Во вториот дел, домашниот тим успеа да израмни преку Ендрит Мехмети, кој во 73. минута го постави резултатот на 2:2. Но токму тогаш повторно блесна најборбениот фудбалер на теренот – Ибиши со својот втор гол донесе конечни 2:3 и историска прва победа за Отља.

Посебно внимание привлече големата пожртвуваност на 26-годишниот Фатон Нуредини, чија фотографија по натпреварот стана симбол на борбеноста на Отља. Нуредини буквално беше „обоен“ во кал – покриен од глава до пети, тој беше меѓу клучните играчи во оваа победа симболично ја претстави борбената филозофија на клубот.


На другата страна, некогашниот второлигаш Кадино продолжува со очајната форма и доживеа тежок пораз од 9:0 на гостувањето кај Аеродром. Проблемите кај гостите се очигледни – допатуваа со само 11 играчи и без ниту еден фудбалер на клупата, па исходот беше очекуван.

Стефан Богдановски постигна четири гола за Аеродром, а по еден гол во вториот дел додадоа Леонид Стојановски, Александар Кажлевски, Мартин Атанасовски, Јусуф Мемедовски и Мартин Ацески.

Колото ќе биде комплетирано денес со преостанатите натпревари.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

Втора лигаФудбал

Пилешков го доби струмичкото дерби, Пројковска ќе им суди на Камјани и Кожуф, Качевски главен во Битола

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига се отвара утре со пет...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!