Неколку дисциплински одлуки направија промени на табелата во Трета лига – Југозапад, екипата на Влазними го загуби службено мечот со Славеј од Мешеишта, а со тоа го загуби и првото место на табелата, а пак Караорман има службена победа против Света Троица.
- Во продолжение двете одлуки во ТМФЛ – Југозапад, со кои се прави промени на табелата:
ПРВАТА ДИСЦИПЛИНСКА ОДЛУКА
Врз основа на член 100 став 1 од Правилникот за натпреварување на ФФМ, Комесарот за натпревари на ден 10.11.2025 година донесе:
О Д Л У К А
Натпреварот помеѓу екипите на ФК Славеј – ФК Влазними во рамките на 8 коло од Третата МФЛ – Југозапад се регистрира со службен резултат од 3:0 во корист на гостинската екипа ФК Славеј од с. Мешеишта.
Се покренува Дисциплинска постапка против ФК Влазними од Струга.
Одлуката да се достави до засегнатите страни и да се објави во службеното гласило на ОФС-Битола.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комесарот за натпревари врз основа на дополнителниот извештај на делегатот на натпреварот од 8 коло од Третата лига Југо запад Битола помеѓу екипите на „ФК Славеј“ и Влазними, кој се одигра на ден 09.11.2025 година со почеток во 13 часот на стадионот во село Мешеишта, според дополнителниот извештај на делегатот и изјавите на службените лица за настапот на натпреварот од гостинската екипа со број 5 Речица Уран кој воедно претставувал младински настап и пополнување на записникот со број 5 Уран во почетниот состав и на неговото настапување добил друг играч и поразјаснување на доказниот материјал. При ваква утврдена фактичка состојба Комесарот донесе одлука како во диспозитивот.
Поука: Незадоволната страна има право да изјави жалба до комисијата за Молби и жалби на Третата МФЛ–Југозапад, преку ова комисија во рок од 3 дена по приемот на оваа одлука со уплата на такса во износ од 6000 денари (правни лица) 12000 денари (физички лица) на жиро сметка на ОФС Битола 300000002014791 Комерцијална Банка АД Скопје.
ВТОРАТА ДИСЦИПЛИНСКА ОДЛУКА
Врз основа на член 42 став 2 од Правилникот за натпреварување на ФФМ, Комесарот за натпревари на ден 10.11.2025 година донесе:
О Д Л У К А
Натпреварот помеѓу екипите на ФК Света Троица – ФК Караорман во рамките на 8 коло од Третата МФЛ – Југозапад се регистрира со службен резултат од 0:3 во корист на гостинската екипа ФК Караорман од Струга.
Се покренува Дисциплинска постапка против ФК Света Троица од Охрид.
Одлуката да се достави до засегнатите страни и да се објави во службеното гласило на ОФС-Битола.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комесарот за натпревари врз основа на дополнителниот извештај на делегатот на натпреварот од 8 коло од Третата лига – Југозапад Битола помеѓу екипите на „ФК Света Троица“ и Караорман, кој не се одигра на ден 09.11.2025 година според дополнителниот извештај на делегатот и изјавите на службените лица имаше недостаток во безбедноста на натпреварот поради не присуство на лице од МВР Охрид на натпреварот немаше услови за одигрување на натпреварот. При ваква утврдена фактичка состојба Комесарот донесе одлука како во диспозитивот.
Поука: Незадоволната страна има право да изјави жалба до комисијата за Молби и жалби на Третата МФЛ–Југозапад, преку ова комисија во рок од 3 дена по приемот на оваа одлука со уплата на такса во износ од 6000 денари (правни лица) 12000 денари (физички лица) на жиро сметка на ОФС Битола 300000002014791 Комерцијална Банка АД Скопје.
Утре ќе се одигра одложениот меч од 7. коло на Трета лига – Југозапад меѓу Могила и Влазними, меч кој ќе одлучува дали Караорман ќе остане есенски шампион или пак Влазними со победа над Могила ќе се врати на првото место и со тоа ќе биде есенски шампион.
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД | Δ |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ФК КАРАОРМАН | 9 | 6 | 1 | 2 | 21 | 11 | +10 | 19 | ➖ |
| 2 | ФК ВЛАЗНИМИ | 8 | 6 | 0 | 2 | 23 | 14 | +9 | 18 | ➖ |
| 3 | ФК КРАВАРИ | 9 | 5 | 2 | 2 | 16 | 6 | +10 | 17 | ➖ |
| 4 | ФК СЛАВЕЈ с.Мешеишта | 9 | 5 | 2 | 2 | 20 | 12 | +8 | 17 | ➖ |
| 5 | ФК Могила 2023 | 8 | 4 | 3 | 1 | 24 | 10 | +14 | 15 | ➖ |
| 6 | ФК ДЕМИР ХИСАР | 9 | 4 | 1 | 4 | 18 | 22 | -4 | 13 | ➖ |
| 7 | ФК СВЕТА ТРОИЦА 2021 | 9 | 3 | 1 | 5 | 12 | 16 | -4 | 10 | ➖ |
| 8 | ФК НАПРЕДОК с.Ношпал | 9 | 2 | 1 | 6 | 17 | 24 | -7 | 7 | ➖ |
| 9 | ФК КОРАБИ | 9 | 2 | 1 | 6 | 6 | 22 | -16 | 7 | ➖ |
| 10 | ФК Велешта Унитед (-3) | 9 | 1 | 0 | 8 | 8 | 28 | -20 | 0 | ➖ |