Ракомет

„Им честитам на моите момци“ – Ројевиќ презадоволен од своите играчи, Охрид го запишува историскиот успех!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид не оставија никакви дилеми околу победникот во реваншот против Слога Добој, триумфирајќи на гостински терен со убедливи 42-18 и зацврстувајќи го своето место во следната рунда на ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот тим повторно ја покажа својата сила, фокусот и дисциплината, држејќи го темпото во текот на целиот меч. Овој успех е историски за клубот и ја потврдува европската репутација на охриѓани.

Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ, во изјава за Спортска Мрежа, го истакна професионалниот пристап на своите играчи. Тој нагласи дека, и покрај големата предност од првиот натпревар, тимот одиграл максимално концентрирано и квалитетно.

,,Им честитам на моите момци, бидејќи и покрај големата предност од првиот натпревар, одиграа многу сериозно и квалитетно. Пристапија кон натпреварот максимално професионално, го испочитуваа договорот и покажаа дека знаат да го држат ритамот и фокусот цели 60 минути.“

ФОТО: ГРК Охрид

Исто така, Ројевиќ го истакна и одличниот тимски дух и хемијата меѓу играчите, нагласувајќи дека тие се видливи особено на тренинзи и натпревари, каде тимот функционира како едно.

,,Хемијата во тимот е на највисоко ниво. Ова е група играчи кои меѓусебно се поддржуваат, се туркаат напред и секој ден растат како екипа. Тоа се гледа и на тренинг, и на натпревар – тимот „дише“ како едно.“- изјави Ројевиќ.

Со оваа победа, Охрид покажа дека е многу повеќе од тим – тоа е заедница, енергија и срце што „дише“ како едно. Со ваква решителност, страст и мотив, охриѓани се подготвени да ја остават својата трага на европската сцена!

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!