Ракомет

Момците на Лазаров убедливи против Тиквеш во Автокоманда!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометарите на Алкалоид го совладаа Тиквеш со 33-24 и ја потврдија својата доминација на табелата. По пауза од речиси една година, на терен се врати Никола Костески, кој со пет голови од пенал помогна во убедливата победа на момците на Лазаров.

Натпреварот во првото полувреме беше израмнет. Алкалоид водше со 7-3, но Тиквеш направи серија од 6-0 и кратко водеа со 9-7. До паузата, тимот на Лазаров успеа да го врати водството и на полувреме се замина со минимална предност од 14-13.

Второто полувреме донесе целосен пресврт. Алкалоид брзо ја зголеми предноста, во 40. минута водеше со 21-16, а на крајот натпреварот заврши со девет голови разлика. Најефикасен кај домаќините беше Ненад Костески со 6 голови, додека по пет постигнаа Никола Костески и Мартин Серафимов. Кај Тиквеш, најмногу голови дадоа Мохамед Магду и Петар Цветковски, по пет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!