Прва женска фудбалска лигаФудбал

Мандаров: „Младоста и македонското девојче победи – не странците!“

Сподели
Сподели

Екипата на ЖФК Скопје ја заокружи есенската полусезона на најдобар можен начин, откако во последното есенско коло со 1:0 славеше над актуелниот шампион Љуботен. Единствениот гол го постигна Сара Евтинџиоска и токму тој погодок значеше – есенска титула. Скопје сега е лидер со 39 бодови, два повеќе од Љуботен, кој паѓа на втората позиција.

По големото дерби, тренерот на Скопје, Илија Мандаров, ги сподели своите впечатоци од мечот, полусезоната и плановите за пролетниот дел.

„Борбен натпревар. Запазени се сите пропозиции на ФФМ. Моите девојки дадоа се од себе и им се врати долгорочната работа со успех. Младоста и македонското девојче се покажаа, а не странците.“

Скопје доминира во сите категории оваа есен, резултати за почит, а македонската репрезентација ќе има од каде да се „храни“ со фудбалерки.

„Искрен ќе бидам во сите работи. Кадетки прво место, младинки прво место, сениори прво место. Куп меѓу осумте најдобри, се оди по планот да створиме здрава македонска репрезентација.“

Стратегот Илија Мандаров за Спортска Мрежа зборуваше и за плановите во пролетниот дел, но одговара на прашањето околу засилувањата за пролетта.

„Не се засилуваме, имаме млади девојки од младинските школи, они ќе добијат шанса. Како што и кажав, ќе работиме за самите себе, а и за нашата македонска репрезентација во сите категории.“

Пржино повторно се покажа како тврдина – прво Истатов му зема бодови на Љуботен, а потоа Скопје ја зацврсти доминацијата со минимална, но златна победа. Екипата презимува како есенски шампион, а според прикажаната игра, карактерот и младоста – ова Скопје делува како тим што сериозно може да ја нападне и пролетната круна.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!