Втора лигаФудбал

(ВИДЕО) Беласица грмна со соопштение за судиската арбитража со Новаци: Размислуваме дали да продолжиме!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Беласица излезе со ново соопштение после вчерашниот пораз на домашен терен од Новаци од 0:1, во рамки на 13. коло на Втората лига, незадоволна од судиската арбитража.

Како што велат во самото соопштение делителите на правдата главно влијаеле на конечниот резултат, а денес на вонреден состанок ќе одлучат дали да продолжат со натпреварување.

  • ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ:

Фудбалскиот клуб Беласица после разгледување на снимката од денешниот натпревар на која бевме поразени од екипата на Новаци на домашен терен со 0-1 дојде до заклучок дека делителите на правдата главно влијаеа на конечниот резултат, а и во повеќе наврати или уште од самиот старт на првенството бевме сведоци на контроверзно судење против Беласица, а со тоа и свесно и смислено сценарио или свесно скратување на чекорот кон водечките места на табелата.
За таа цел бараме од сите инволвирани структури да ни ги образложат од стартот на првенството сите а посебно денешните контроверзни одлуки кои беа на наша штета а со тоа и смислено недозволување за чесна борба до самиот крај.
‼️Утре управата на клубот на вонреден состанок ќе одлучи како и дали ќе се продолжи со натпреварувањето во такво нерегуларно првенство‼️
👉Само ги прашуваме главните инволвирани во режирање на сите сценарија:
1.Дали Беласица некому смета?
2.Со што сме заслужиле ние како клуб од 103 години да немаме еднаков критериум???
3.Дали свесно знаејќи дека имаме квалитетен тим сакате уште првата полусезона да не оддалечите од водечките места???
4.Дали вашата блискост со одредени структури ве тераат да правите зло и да имате ваши фаворити уште од самиот старт на првенството???
5.Дали така сакате да ги истерате и уништите и тие малку спонзори кои од љубов спонзорираат во фудбалот???
6.Дали за остварување на вашите приватни бизнис интереси ќе ги погазувате сите кој чесно се борат на зелениот терен за да си ја остварите само вашата цел???
7.Дали знаете дека со вашите одлуки ја уништувате егзистенцијата и иднината на играчите, тренерите, и целите нивни фамилии???
8.Ова ли е борбата за чесното за кое зборевте кога дојдовте???
👉Оваа се прашања кои даваат многу одговори…
ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ДЕНЕШНИТЕ ОДЛУКИ НА ШТЕТА НА НАШИОТ ТИМ
👇🏼
Ситуација 1️⃣ (8 мин.)боречки зафат(недосуден пенал) при резултат 0-0
Ситуација 2️⃣ (60 мин.)сигнализација на непостоечки офсајд и поништување на регуларен гол при резултат 0-0

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува во Кувајт, токму тоа е и причината за разделбата меѓу двете...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!