Втора лигаФудбал

Голманот Антонио Столевски е слободен – кариерата ја продолжува во нова средина!

Сподели
Сподели

Голманот Антонио Столевски од Прилеп е слободен, својата кариера 23-годишникот ќе ја продолжи во нова средина.

Тој последно го бранеше голот на второлигашот Слога од Виница, но вели дека сака амбиција, конкуренција и проекти што носат резултати, па ќе менува средина.

„Да, се разделивме некоректно и сега сум слободен играч. Искрено – подготвен сум за поголем предизвик и повисоко ниво. Во Виница дадов сѐ од себе и мислам дека оставив силен впечаток. Периодот беше корисен, но чувствував дека е време да направам чекор напред. Сакам амбиција, конкуренција и проекти што носат резултат“, вели Столевски во изјава за Спортска Мрежа.

Столевски има разговори за продолжува на кариерата во нова средина, вели дека е во долична форма и дека е подготвен веднаш за нов предизвик во кариерата.

„Формата ми е на одлично ниво – тренирам сериозно и сум подготвен веднаш да влезам во ритам. Имам конкретни разговори со неколку клубови и изборот ќе го направам многу скоро. Напролет ме гледате на терен, уште посилен, уште пофокусиран и со јасна цел – да направам разлика каде и да настапувам“, ни изјави Столевски.

Низ својата кариера Столевски бранеше за Победа, Брегалница, Велешта, Караорман, Кожуф и последно Слога Виница. Важи за одличен чувар на мрежата, а тој беше од генерацијата млади играчи кои ја спасија Победа од испаѓање кога го добија баражот со Куманово.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста на дуелот со Висла Плоцк ќе се грижат судии од Литванија....

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!