Утрешниот натпревар меѓу Големо Коњари и Охрид од 13. коло на Втората лига ќе се одложи откако теренот во прилепско Големо Коњари поради обилните врнежи од дожд е поправен и нема услови за игра.
Натпреварот е одложен и истиот доби нов датум за одигрување. Натпреварот е закажан за 3 декември, тоа значи дека истиот ќе се одигра откако претходно ќе се одиграат натпреварите од 14. и 15. коло односно откако ќе заврши есенската полусезона.
Останатите седум натпревари од 13. коло кои се закажани за утре од 13 часот ќе се одиграат.