Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Сподели
ФОТО: Ставре Јада
Сподели

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни ФИС трки, уште еднаш потврдувајќи дека е најзначајниот амбасадор на македонското нордиско скијање.

Јада прво настапи на трката на 10 километри во Санта Катерина Валфурва во Италија, каде во конкуренција од 55 врвни светски скијачи го освои 33. место и запиша 118 ФИС поени.

Само еден ден подоцна, македонскиот скијач имаше уште подобар резултат на трката во Сент Мориц, Швајцарија. Во многу силна конкуренција од 103 натпреварувачи, Јада стигна до високото 23. место, освојувајќи 115 ФИС поени.

Од Скијачката федерација на Македонија упатија честитки до Јада и неговиот тренер Пламен Неделков за континуираната посветеност, напредок и успешното претставување на државата на меѓународната ски сцена.

Македонското скијање продолжува да чекори напред, а Јада и во следните трки ќе биде меѓу главните носители на нашите надежи за нови добри резултати.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!