Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Марјан Илиевски го објави списокот за претквалификациите за ЕП 2029

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски, го објави списокот од 16 кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари во првиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европското првенство 2029.
За дуелите од претквалификациите против Азербејџан и Ирска, селекторот ќе смета на 16 кошаркари.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, а првиот собир е закажан за 24 ноември (понеделник) во 10:30 часот во салата на СРЦ „Кале“.

Македонија во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“ ќе ги одигра двата натпревари против Азербејџан и Ирска.

Распоред на натпревари

  • 27 ноември 2025: Македонија – Азербејџан

  • 30 ноември 2025: Ирска – Македонија


Список на повикани кошаркари

  • Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

  • Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром

  • Стојан Ѓуроски – Работнички

  • Бобан Стајиќ – Пелистер

  • Андреј Митревски – Пелистер

  • Лука Стојановски – Пелистер

  • Виктор Ташовски – ТФТ Скопје

  • Страхил Николов – ТФТ Скопје

  • Теодор Симиќ – Кожув

  • Адем Мекиќ – Бора (Косово)

  • Ваљмир Какруки – Сигал Приштина (Косово)

  • Лејсон Зеќири – Башкими (Косово)

  • Андреј Јакимовски – Тренто (Италија)

  • Џејкоб Вајли – Ритас (Литванија)

  • Омари Мур – Валенсија (Шпанија)

  • Нејт Сестина – Олимпија Милано (Италија)

Селектор: Марјан Илиевски

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Два меча за четири дена, едно место за понатаму: Подмладена Македонија тргнува по првото место

Виктор Петровски ќе го почне мандатот на клупата на женската кошаркарска репрезентација...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!