Останато

Боксерот Ален Рустемовски го освои „Златниот гонг“

Сподели
Сподели

Викендов во Скопје се одржа македонскиот боксерски турнир „Златен гонг“.

Македонскиот боксер  на „Пелистерски јунак“, Ален Рустемовски, го освои меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, кој и оваа година го собра најдоброто од домашниот и странскиот  бокс.

Рустемовски ја прикажа најдобрата борба на турнирот, кренајќи ја публиката во салата „Борис Трајковски“ на нозе со својата борбеност и извонредна техника. Битолчанецот славеше со едногласна одлука против англискиот боксер Џозеф Тарнер.

По големата победа, Ален Рустемовски се огласи на својот Фејсбук-профил со емотивна порака: „Голема чест и вистинска привилегија е да го освојам трофејот ‘Златен гонг’. Овој турнир има долга историја и голема тежина — и денес моето име се запиша меѓу шампионите. Гордо го носам ова признание како доказ за секој тренинг, секоја жртва и борби што никој не ги гледа. Ова не е сао трофеј…ова е момент што ќе го паметам цел живот. За Македонија.“

На турнирот беа доделени и специјални признанија. За најдобар македонски боксер беше прогласен Адријан Рустемовски, додека титулата најдобар странски боксер ја освои Даврон Бозоров. Наградата за најдобар техничар му припадна на Џозеф Тарнер од Англија. Рио Гордон од Англија и Наум Стојаноски беа прогласени за најборбен пар.

Михал Мунетан од Молдавија беше избран за најдобар тренер, а Роберт Винеман ја доби наградата за најдобар судија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ние играме на домашен терен, одиме на три бода со секого и се надевам дека на крајот бодовите ќе останат во Кавадарци

Во Кавадарци денеска Тиквеш ќе го нагости тимот на Брегалница, во првиот натпревар од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига, и прв...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со Арсими. Кратовскиот тим веќе е во резултатска криза, после трите порази,...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!