Со голем интерес и присуство на бројни спортски ентузијасти, вечерва официјално беа извлечени групите за Зимскиот турнир во мал фудбал – Демир Хисар 2025. Една од најпосетуваните и највозбудливи спортски манифестации во регионот и оваа година ветува жестока борба, атрактивен фудбал и спектакуларна атмосфера.
Организаторите формираа седум групи, во кои се најдоа екипи од Демир Хисар, Битола, Прилеп, Македонски Брод и други околни места, што само дополнително го најавува нивото на конкуренција.
ГРУПА А
Доленци Превоз
Цвет Битола
Слога Лажани
Пилана Жарко Прилеп
ГРУПА Б
Демир Хисар
Авто Лакер Зебец
Фарма Бараково
Лажани
ГРУПА В
Центар Бела Црква
Долевски Транспорт
Десово Грађба
ГРУПА Г
Инех Олгица Хотел & Спа
З.Г. Виктор Илиоски
Агнеса
ГРУПА Д
ПВЦ Никем
Терминт Новаци
Пашоски Инженеринг
ГРУПА Ѓ
Чардак Велгошти
Бучин
Д-р Спаско Македонски Брод
ГРУПА Е
Фасада Чајник
Пантери
Теута Норово
ГРУПА Ж
Ресторан Станица & Вика Пром
Јохана Инженеринг
Галоп Битолска Коњаница
Со ова, екипите може да започнат со финалните подготовки пред првите возбудливи дуели. Очекувањата се големи – турнирот традиционално носи исполнета сала, силни натпревари и незаборавна спортска атмосфера.
Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.