ТурнириФудбал

Пандев и легендите на Македонија ќе настапат на престижниот турнир Куп на Конфедерации во Рим

Сподели
Сподели

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, заедно со уште неколку познати имиња од нашата фудбалска историја, на 13 и 14 декември во Рим ќе играат на меѓународниот турнир Ф7. Поканата пристигна од првиот човек на светската организација FIF7 и Calcio 7/8, Фабрицио Лоферда.

Ова ќе биде прво историско учество на Македонија Ф7 на еден ваков престижен турнир – Куп на Конфедерации Рим.

Нашиот национален тим ќе биде составен од поранешни македонски репрезентативци. На списокот се најдоа:

 Един Нурединоски, Матеј Миленков
 Златко Таневски, Бобан Грнчаров, Дарко Глишиќ, Бојан Маркоски
Никола Глигоров, Кристијан Стојкоски, Влатко Гроздановски
 Горан Пандев, Бобан Јанчевски, Филип Ивановски

Македонија ќе ја има честа да го отвори турнирот со дуел против домаќинот Италија, вицешампион од последното Светско првенство во Фудбал 7 кое оваа година се одржа во Бразил.

За Италија ќе настапат звучни имиња како Леонардо Бонучи, Антонио Ди Натале, Алесио Черчи, Гаетано Д’Агостино и Давиде Москардели и други.

Настапот во Рим претставува огромен чекор напред за развојот и промоцијата на Фудбал 7 во Македонија. Фудбалот со 7 играчи ширум светот се развива исклучително брзо, главно поради тоа што се игра на помал терен, што овозможува поголема динамика, побрз ритам и значително повеќе интензивни дуели. Овој формат станува сè попопуларен и привлечен и за играчи и за гледачи.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија. Клубот во минатото се натпреваруваше и во Втората македонска...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал лига, откако на стартот од сезоната беше поразен со 4:1 од...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал...

ФудбалФутсал

Реми на дербито меѓу Форца и Шкупи, поранешните шампиони ги поделија бодовите

Без победник заврши дербито на поранешните шампиони од првото коло на Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!