ФудбалЧетврта лига

Спартмани непоразен лидер – Интер Кукла „диши во врат“, Напредок Радово без победа – прогрес за тимот од Ново Село!

Сподели
Сподели

Враќањето на Општинската фудбалска лига во Струмица дефинитивно е за поздравување – се врати фудбалот во струмичките села, одново фудбалските терени кои беа запустени се вратија во своето старо руво, се врати публиката на трибините, а сега со нетрпение се чека недела за да се следи фудбал.

По пет одиграни кола ОФЛ Струмица или Четврта лига по ранг на натпреварување се организира успешно, сите натпревари се играат без било какви проблеми, а целиот овој проект за реактивирање на публиката му припаѓа на раководството на ОФС Струмица предводено од претседателот Илија Илиев – Рома.

По пет одиграни кола во ОФЛ Струмица табелата станува интересна, „хаотична“ каде една победа може екипите да ги дигне високо, а пак еден реми или пораз да ги спушти ниско на табелата.

Екипата на Спартмани од Балдовци е на врвот од табелата како единствен непоразен тим со четири победи и едно реми, па со тоа тимот има 13 бодови. Но, екипата на Интер Кукла од Куклиш „диши во врат“ бидејќи има само бод негатива и се наоѓа на второто место на табелата односно има 12 бодови.

Веќе се прави некое одвојување на овие две екипи од останатите екипи. Огражден од Ново Село е на третото место со осум бодови, а по седум бодови израмнети во средината од табелата се Дрвош како четврти, Слога од Злеово како петта и Илинден како шести.

На седмата позиција е Единство од Пиперово со три бодови, а на дното засега без бодови со пет порази од толку натпревари е тимот на Напредок од Радово.


Најефикасен напад има тимот на Спартмани со реализирани 16 гола, а пак Огражден има втор најдобар напад со 15 постигнати погодоци.

Најдобар одбрана има тимот на Огражден со примени шест гола, а пак втора најдобра одбрана имаат Спартмани и Интер Кукла со примени седум погодоци.

Кога зборуваме за негативните статистики најлош напад имаат Напредок од Радово и Илинден од Добрејци со постигнати седум погодоци, а дефинитивно најлоша одбрана има тимот од Радово со дури 22 примени погодоци.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Вардар со голем пресврт до „брејк“ во Крива Паланка – чекор поблиску до финале!

Кошаркарките на Вардар поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плеј-офот во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, откако во драматичен натпревар славеа на гостувањето...

Втора лигаФудбал

Новаци денес оди по три бодови против Големо Коњари

Денес ќе се комплетира 25. коло на Втората македонска фудбалска лига со мечот меѓу Големо Коњари и Новаци. Домашниот тим уште пред неколку...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Новаци денес оди по три бодови против Големо Коњари

Денес ќе се комплетира 25. коло на Втората македонска фудбалска лига со...

Втора лигаФудбал

Вардар Неготино си пресуди сам: На „Цвај арената“ се враќа третолигашкиот фудбал!

Вардар Неготино практично ја загуби битката за опстанок во Втората македонска фудбалска...

Втора лигаФудбал

Преспа официјално испадна во Трета лига – Југозапад

По една сезона во Втората македонска фудбалска лига екипата на Преспа од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!