РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Милевски: Задоволен сум, сите фудбалери, ја оправдаа довербата

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација одигра 0:0 на пријателскиот натпревар против Летонија, во последниот тест пред квалификациски дуел со Велс во вторник во Кардиф.

Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата по натпреварот ги сподели своите впечатоци и изрази задоволство од тоа што тимот го покажа на тактички план, а недостигаше реализација за победа.

„Сè што си поставивме како цел за овој натпревар, освен победата, беше исполнето. Сакав да видам како ќе изгледа екипата во нова формација, со нови тактички задачи и во ситуации на кои досега не сме работеле. Од таа перспектива сум навистина задоволен. Жал ми е што условите за игра не беа подобри. Се надевам дека наскоро ќе се направат напори да играме на поквалитетен терен, за да бидеме поефикасни во завршницата. Во тие последни моменти, во третата фаза од нападот, кога противникот е поставен во густ блок, потребно е прецизно завршно додавање, а денес против Летонија тоа го немавме. И покрај тоа, создадовме неколку шанси, но не успеавме да ги реализираме. Честитки за двата тима, и за Македонија и за Летонија. Задоволен сум, сите фудбалери, без разлика дали се стандардни или влегуваат од клупа, ја оправдаа довербата. Тоа ми дава сигурност дека можам да сметам на секој од нив“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Убедлива победа на Македонија U20: Данев и Величковски го решија мечот во Шан

Македонската фудбалска репрезентација до 20 години вчера забележа убедлива победа од 0:3...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: Тимот е млад, мотивиран и подготвен да се претстави достоинствено

Репрезентацијата на Македонија до 20 години, предводена од селекторот Александар Таневски, денеска...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Еве кога фудбалската репрезентација на Македонија ќе го добие новиот селектор!

Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на вчерашната седница...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!