Трета лигаФудбал

Тетекс го „здроби“ Доброшти – три гола на Ерјон Елмази, убедливи победи за Џепчишти и Влазерими!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Денес со пет натпревари беше отворено вонредното седмо коло од Трета лига – Запад, а кое ќе се комплетира утре со мечот меѓу Речица и Ренова.

Ланскиот второлигаш Тетекс го „здроби“ Доброшти со превисоки 6:1 на домашен терен, со што засега „штофарите“ играат според планот, со доминантна игра, убедлив и конкретен фудбал.

Ерјон Елмази постигна хет-трик, Азис Јамини беше двоен стрелец, а еден гол постигна Меритон Салији. а гостинот единствен стрелец беше голгетерот Бетим Етеми.

Ланскиот шампион со Влазерими со 3:0 го декласиреше убедливо Љуботен, кој си постигна и автогол. Мурат Адили и Лабинот Елез погодија за 2:0, а Филип Бимбилоски во 41. минута си постигна автогол за конечни 3:0.

Џепчишти со 2:0 го доби дербито со Дрита и продолжува на патот кон својата цел – бараж за Втора лига. Саљиу и Синани беа двојни стрелци за триумф на домаќинот, во меч каде судијата Дарко Радески покажа девет жолти картони, од кои три на крајот стана црвени кај домаќинот.

Реми со по четири гола меѓу Велазерими Слатино и Напредок за конечни 4:4. Котевски и Аврамовиќ погодија за некогашниот прволигаш од Кичево за 0:2 на полувреме, а во вториот дел Алији и Лимани ги поставија конечните 2:2 во вториот дел.

Реми од 2:2 и меѓу Зајази и Вардар Брвеница во меч каде сите четири погодоци паднаа во вториот дел. Алими постигна гол за 1:0, а гостинот преку Богданоски и Михајловски дојде до пресврт од 1:2 во 80. минута. Седум минути подоцна Руфати ги постави конечните 2:2 за поделба на бодовите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!