Репрезентацијата на Шведска до 21 година ќе го одржи својот официјален тренинг токму на стадионот на второлигашот Големо Коњари, во пресрет на квалификацискиот натпревар против Македонија.
Тренингот е закажан за вторник, (11 ноември 2025 година), со почеток во 11:00 часот, а присуството на младите шведски репрезентативци претставува вистинска чест и радост за локалната заедница и клубот.
Овој потег е уште едно признание за добрата организација и услови кои ги нуди теренот на Големо Коњари, кој во последните години стана препознатлив по уредениот изглед и одличната поддршка од љубителите на фудбалот.
Претходно, на овој терен тренираше и репрезентацијатa на Ерменија до 21 година, а тоа беше вистинска атракција пред се за младите, а голем број на присутни го следеа тренингот на репрезентацијата.
Инаку, младата репрезентација на Македонија ќе одигра два важни натпревари во ноемврискиот циклус од квалификациите за ЕП 2027 – против Шведска на 13 ноември, а потоа на 18 ноември во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“, ќе ја пречека Полска.