ИнтернационалциРепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Ерменија У21 одработи тренинг во Големо Коњари – вистински фудбалски празник за прилепското село

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Репрезентацијата на Ерменија до 21 година го одработи официјалниот тренинг во прилепското село Големо Коњари, во пресрет на квалификацискиот натпревар за ЕП против Македонија кој ќе се одигра во петок на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

За ова мало, но фудбалски страствено место, денешниот ден претставуваше вистински спортски празник. Жителите на селото со голема топлина и гостопримство ги пречекаа младите ерменски репрезентативци, посакувајќи им добредојде на теренот каде што своите домашни натпревари ги игра второлигашот ФК Големо Коњари.

Многумина од присутните не ја пропуштија можноста да се фотографираат со младите ѕвезди на Ерменија, а на крајот беше направена и заедничка фотографија што ќе остане како убав спомен и за гостите и за локалните жители.

Со ваквите потези, Фудбалската федерација на Македонија уште еднаш покажува дека се грижи за развојот на фудбалот во сите делови на земјата, овозможувајќи на малите, но фудбалски активни средини, да бидат дел од репрезентативните активности. Сличен пример неодамна имавме и со Радовиш, кој беше домаќин на пријателски репрезентативни натпревари.

Голема заслуга за успешната организација има и управата на ФК Големо Коњари, која по пласманот во Втората лига сериозно инвестираше во подобрување на инфраструктурата – комплетна реконструкција на соблекувалните и санација на теренот. Токму тие услови овозможија репрезентацијата на Ерменија У21 да го одработи тренингот во идеални услови.

За Големо Коњари, кое има богата фудбалска традиција и каде потекнува и поранешниот македонски репрезентативец и актуелен тренер на Вардар, Гоце Седлоски, ова беше ден кој долго ќе се памети – ден кога фудбалот уште еднаш ги обедини локалната заедница и спортот во најубавата можна форма.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!