Втора лигаФудбал

Дисциплинска комисија со жестока казна – Победа ќе игра четири домашни натпревари без публика по инцидентот со Шкендија Арачиново

Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе неколку важни одлуки, а меѓу нив беше и одлуката за казна која му се изрекува на второлигашот Победа од Прилеп, кој четири домашни натпревари ќе ги одигра без публика, а притоа доби и парична казна од 3.000 евра.

Овие санкции доаѓаат по мечот со Шкендија Арачиново, кога по мечот од 10. коло на Втората лига, еден навивач на прилепскиот тим скрши прозор од гостинската соблекувална, но полицијата го спречи да направи поголем хаос.

 ФК Победа АД се казнува со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на гостинските фудбалери на натпреварот ФК Победа АД – ЖФК Шкендија 77 Арачиново.

На денешната седница на Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, беа донесени и неколку други одлуки.

  • Ивица Глигоровски, кондиционен тренер на ФК Силекс АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.
  • Тони Мегленски, помошен тренер на ФК Вардар АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.
  • Диако Лассана, фудбалер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за настап на два натпревара.
  • Против ФК Вардар АД се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства, односно фрлање петарди, на натпреварот ФК Вардар – ФК Силекс.
  • Оливер Тодоров, фудбалер на ФК Вардар Неготино, се казнува со забрана за настап на два натпревара.
  • Игор Јаневски, фудбалер на ФК Охрид Лихнидос, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.
  • Николче Ефремов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на два натпревара.
  • Бојан Иванов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.
  • Димитар Ѓорѓиев, фудбалер на ФК Детонит Плачковица, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.
  • Осман Даци, доктор на ФК Шкендија Арачиново, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец.
  • Љупче Џеков, фудбалер на ФК Силекс, се казнува со забрана за настап на еден натпревар.
  • Против ФК Пелистер се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација на натпреварот ФК Пелистер АД – ФК Вардар АД, односно користење пиротехнички средства од страна на навивачката група.
  • Против ФК Вардар се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група Комити и направена материјална штета на стадионот „Петар Милошевски“.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби на потврда, македонскиот репрезентативец Марио Благојевски останува во шампионот Проект и...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка конкуренција, откако освојувачот на двојната круна од ланската сезона со убедливи...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!