Талентите на академијата Шкендија од Неготино, гостиварско, блескаат во Барселона: Браќата Џон и Рој Шуајиби дел од Барса!
Двајца млади фудбалери од академијата на Шкендија во гостиварското село Неготино, Џон и Рој Шуајиби, го живеат сонот на секое дете што чекори по фудбалските терени – тие моментално се дел од програмата на каталонскиот гигант Барселона.
Во мај оваа година, скаутите на каталонскиот гигант пристигнаа во Приштина со цел да откријат млади таленти од регионот. Меѓу стотиците учесници, браќата Шуајиби се издвоија со своите технички способности, дисциплина и посветеност, што им донесе место во елитната група „High Potential“.
По тој успех, тие учествуваа и на Барселона кампот во Македонија, кој се одржа од 10 до 15 јуни 2025 година, каде повторно ги импресионираа тренерите со својата игра и професионален пристап, но и големиот талент.
Нивната работа и талент не останаа незабележани – од академијата на Барса пристигна официјална покана за Џон и Рој да продолжат со обука во Барселона, во рамки на една од најреномираните младински школи во светот.
Џон Шуајиби, роден 2014 година, настапува на позицијата лев напаѓач, додека неговиот помлад брат Рој, роден 2016 година, е креативен играч од средниот ред.
Успехот на овие двајца таленти претставува вистинска инспирација за сите млади фудбалери во Македонија – доказ дека со работа, страст и верба во себе, дори и најголемите соништа можат да станат реалност.