Прва женска фудбалска лигаФудбал

Истатов прв зеде бод од шампионот Љуботен, Саса пресилна, Илиева обезбеди три бода за Тиверија Брера

Сподели
Сподели

Екипата на Истатов е прва која успеа да ја запре победничката форма на шампионот Љуботен, по девет победи во низа дојде првото реми, откако двете екипи во Пржино одиграа 2:2 и ги поделија бодовите, но „истатовки“ беа блиску и до триумф над шампионот.

По само една минута гостинот од Тетово преку Ајури Тераваки дојде до предност и водство од минимални 0:1, а домашниот тим кој го предводи искусниот стратег Кирил Изов дојде до израмнување на 1:1 со голот на Ива Здравевска која беше прецизна во 32. минута.

Во вториот дел се склучи и комплетен пресврт и тимот на Изов имаше водство од 2:1, со голот на Катерина Петкова во 61. минута. Сепак, по пет минути игра капитенот Александра Марковска постигна погодок за конечни 2:2 и делба на бодовите.

Ивана Илиева го реши натпреварот во Струмица со што трите бодови остана дома, откако Тиверија Брера со минимални 1:0 славеше над Топ Гол.

Фаворитот Скопје лесно се справи со Кочани на гостински терен откако го доби со 0:3. Победата беше најавена во финишот на првиот дел кога стрелаа Рабија Дервиши и Мила Панева, но веќе во 43. минута Христина Гоговска си постигна автогол за водство на гостинот од 0:3.

Во вториот дел мрежите мируваа, па резултатот од првиот дел стана конечен.

Каменица Саса со убедливи 9:1 го декласираше составот на Речица на домашен терен, во меч каде капитенот Ана Димитровска доминираше и ја тресе мрежата на противникот со постигнати пет погодоци, а по еден гол за „рударките“ постигнаа Туане Де Соуза Фрагосо, Тчеури Харуми Гоја, Драгана Костова и Христина Јовановска. За гостинскиот тим Емили Митковска беше единствениот стрелец која погоди во 71. минута од натпреварот.

Вардар немаше сили да направи изненадување против фаворитот Ас Јунајтед, па така струшкиот тим со 1:2 забележа нова победа.


Јована Павловска во 28. минута го отвори мечот за водство од 0:1, а веќе во 33. минута резултатот беше 0:2, откако гол постигна Ана Беатриз Тарантино Гилхермино Салино.

Во вториот дел гостинот од Струга остана без играч помалку на теренот, откако во 58. минута Кристина Мојсоска заработи директен црвен картон.

Во 83. минута Теодора Јанковска погоди за ублажување на поразот на 1:2.

Во однос на самата табела на врвот останува Љуботен со 28 бодови, Скопје сега е втор со 27 бодови, а пак на третата позиција е Тиверија Брера која има 21 бод. На 4. место е Ас Јунајтед со 19 бодови, следува Саса како пета со 18 бодови, а пак Истатов е шести со 16 бодови.

Веднаш пресек на табелата со тоа што Вардар е седми со 5 бодови, Топ Гол, Речица и Кочани имаат по четири бодови и се наоѓаат во долниот дел од табелата.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за двата контролни дуели со Кипар U16

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 9 и 11 декември ќе одигра две контролни средби против своите врсници од Кипар. Двата меча...

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!