Прва лигаФудбал

Досадно реми без голово во Битола на Пелистер и Тиквеш!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Во натпревар со малку возбуди и уште помалку шанси за погодок, екипите на Пелистер и Тиквеш одиграа 0-0 во рамките на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига. Дуелот на стадионот „Петар Милошевски“ донесе многу борба, тактичко надмудрување и бројни прекини, но не и голови.

Двата тима влегоа во мечот свесни за важноста на бодовите во борбата за опстанок, но истовремено и во очигледна голгетерска криза. Пелистер се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и да ја диктира играта, но гостинската одбрана на Тиквеш не дозволи сериозни закани кон голот на Стевковски. Најопасните моменти беа ударот на Белиќ во раната фаза и обидот на Спировски од слободен удар во второто полувреме, кој сепак заврши во рацете на гостинскиот голман.

На спротивната страна, Тиквеш ретко излегуваше во контра напади, а најдобрата можност ја имаше Мишов, кој не успеа да ја претвори во водство. Новиот тренер на кавадарчани, Борче Христов, можеше да биде задоволен барем со освоениот бод на дебито, додека и колегата Милан Стојановски од клупата на Пелистер се уште ја бара првата победа во лигата.

И двата состави остануваат меѓу најнеефикасните во шампионатот со само по осум постигнати погодоци на единаесет натпревари. Пелистер е десетти на табелата со осум бода, додека Тиквеш има еден повеќе и се наоѓа на деветтата позиција.

Во следното коло, „зелените“ ќе го одиграат дербито против Вардар во Битола, додека Тиквеш ќе гостува кај Работнички во Скопје.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Закариќ го сруши Скопје во судиското надополнување, Вардар се доближи до врвот, Варадиновски со деби пораз

Вардар освои големи три бода на гостувањето кај Скопје во Автокоманда, славејќи со 1:2 благодарение на двата погодоци на Горан Закариќ. Напаѓачот на...

Трета лигаФудбал

Хитот Огражден со нова победа за избивање на врвот, Овче Поле убедлив во Делчево, Карбинци со нов пораз

Од шест меча на 5. коло на Трета лига регион 3, се одиграа четири меча. Како што веќе објави Спортска Мрежа, мечот во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Закариќ го сруши Скопје во судиското надополнување, Вардар се доближи до врвот, Варадиновски со деби пораз

Вардар освои големи три бода на гостувањето кај Скопје во Автокоманда, славејќи...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново и тетовска Шкендија ги поделија бодовите

Шкендија Тетово и Шкендија Арачиново одиграа нерешено 1:1 во дуелот од деветтото...

Трета лигаФудбал

Тиверија повторно не се појави на теренот, Каменица Саса добива службени 3:0!

Натпреварот од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!