Ракомет

Македонија стартува со победа против Јапонија во контролен натпревар во Скопје

Сподели
ФОТО: РФМ | АРХИВА
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација забележа победа од 29-27 против селекцијата на Јапонија на првиот контролен натпревар одигран во спортската сала „Автокоманда“ во Скопје.

Средбата се одигра без присуство на публика, во тест формат, со што селекторот Кирил Лазаров имаше можност да провери повеќе играчи и различни тактички решенија пред претстојните обврски на националниот тим. Македонските ракометари одиграа ангажирано во двата дела од натпреварот, а во завршницата успеаја да ја сочуваат минималната предност и да ја потврдат победата.

Овој контролен меч беше прв во рамките на тековната ЕХФ недела, а Лазаров го искористи за да ги тестира и помладите ракометари кои добија значајна минутажа.

Вториот пријателски дуел меѓу Македонија и Јапонија ќе се одигра во сабота (1 ноември) во Куманово, овојпат пред публика, со почеток во 16:00 часот. Овие натпревари се дел од подготовките на репрезентацијата за настапот на Европското првенство, кое во јануари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!