Трета лигаФудбал

Вардар Брвеница со превисока победа од четири гола, Агон Хашими носи победа за Зајази!

Сподели
ФОТО: Kf Zajazi
Сподели

Со два натпревари денес се комплетираше 6. коло во Трета лига – Запад, откако како што извести Спортска Мрежа вчера се одиграа четири натпревари.

Вардар Брвеница на свој терен и пред своја публика дојде до голем триумф од 4:0 над Велазерими од Слатино. Даниел Радески во 41. минута постигна гол за 1:0 на полувреме, а во вториот дел домашниот тим постигна уште три гола во мрежата на новиот третолигаш.

Синиша Јованоски и Бојан Михајловски постигнаа два брзи гола, а веќе во 79. минута Славче Антовски ги постави конечните 4:0.

Доброшти на домашен терен доживеа пораз од Зајази во меч со пет гола за конечни 2:3.

Гостинот по само седум минути игра дојде до предност од 0:1 со голот на Агон Хашими, а домаќинот преку Сулимани израмни на 1:1 во 24. минута. Во второто полувреме двете екипи имаа егал борба за трите бодови, домаќинот преку Гафури направи пресврт и водство од 2:1 со гол од пенал. По само една минута игра Хашими со втор гол израмни на 2:2, а во 83. минута судијата Пларент Салихи покажа на белата точка, а Шќиприм Руфати беше прецизен за конечни 2:3.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!