РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФОТО: Македонија У-17 со солиден настап, но пораз од Италија на стартот на квалификациите во Хрватска

Сподели
Сподели

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години со пораз ги започна настапите во елитната квалификациска група за Европското првенство 2026, кое се одржува во Хрватска. Во првиот натпревар, нашите млади фудбалерки одиграа храбро, но беа поразени од Италија со 2-0 (1-0).

Избраничките на селекторката Катерина Милеска примија ран гол уште во седмата минута, кога Одина ја доведе Италија во водство. И покрај тоа, нашите фудбалерки не се повлекоа — одиграа организирано и создадоа неколку опасни шанси, но недостигаше реализација за израмнување. Во второто полувреме, Италијанките го искористија својата искуство и преку Баточино во 68. минута го поставија конечниот резултат.

И покрај поразот, Македонија остави позитивен впечаток со дисциплинирана игра, борбен дух и неколку пропуштени прилики кои можеа да го променат текот на натпреварот.

Нашата селекција ќе го одигра вториот натпревар во недела против Финска, која во првото коло славеше против Хрватска со 3-1, а турнирот ќе го заврши во среда со дуелот против домаќинот Хрватска.

Квалификацискиот турнир се одржува од 23 до 29 октомври, а првите три репрезентации од групата ќе обезбедат пласман во втората фаза од квалификациите за Европското првенство 2026 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!