ИнтервјуМагазинРакомет

ИНТЕРВЈУ | Диас Гекас ужива во Македонија: Пастрмајлијата ми е омилена, навивачите се неверојатни – сакаме победа против Мулти Есенс!

Сподели
Сподели

Пред големото дерби од 7. коло на Првата ракометна лига меѓу Младост и Мулти Есенс, кое ќе се одигра во сабота од 19 часот во салата „Млаз“ во Богданци, во таборот на Младост владее оптимизам и голема мотивација. Дуелот е меѓу двете екипи кои досега немаат пораз и се главни конкуренти за местата што водат во Суперлигата.

Едно од најинтересните засилувања на Младост оваа сезона е бразилскиот пивотмен Жоао Габриел Диас Гекас, кој за кратко време се наметна со својата физичка подготвеност, техничка зрелост и исклучителна професионалност. Во пресрет на дербито, Гекас зборува за својата адаптација, животот во Македонија и очекувањата со новиот клуб.

  • Адаптацијата и животот во Македонија

„Се адаптирам многу добро, дури и побрзо отколку што очекував, кон клубот, лигата и земјата. Луѓето кои се грижат за нашиот престој се неверојатни, а граѓаните на Богданци се многу отворени и пријателски настроени“, вели Бразилецот.

„Мојот најголем предизвик е јазикот – можам да комуницирам на англиски, но сакам да го научам македонскиот. Ми се допаѓа животот овде – безбеден, развиен, а храната е одлична. Мојот омилен специјалитет е пастрмајлија.“

  • Рутината на еден професионалец

„Мојата дневна рутина е обемна. Се будам помеѓу 6:30 и 7:00, го земам првиот оброк и суплементите во 7:30. Во деновите со два тренинзи, во 8:50 заминувам кон салата и возам 15 минути. Секогаш се трудам да пристигнам порано за дополнителна мобилност и зајакнување. Првиот тренинг е во 9:30, потоа следат 50 минути во теретана, мал оброк околу 11:15 и ручек со групата во 13:00. Следи одмор до вториот тренинг во 18:30.“

Со ваква дисциплина, не е изненадување што Диас Гекас за кратко време стана пример за младите ракометари во Богданци.

  • Поддршката на фановите

„Играњето пред големи, прекрасни и фанатични навивачи е неверојатно. Тие ни даваат многу мотивација и енергија за време на натпреварите и се клучни за нашите победи. Сакаме да донесеме радост на сите кои го полнат стадионот на нашите натпревари.“

Навивачите на Младост важат за едни од најверните во лигата, а токму салата „Млаз“ ќе биде исполнета до последно место во сабота, кога Гекас првпат ќе го доживее вистинското дерби со клубот.


  • Историјата и очекувањата од клубот

„Кога дојдов во клубот, бев информиран за неговата традиција и престиж – со многу години историја, како на национално, така и на интернационално ниво“, додава играчот. „Нашите очекувања се најдобри – сакаме да останеме непобедени. Секојдневно работиме напорно за да дадеме 200% на теренот, а ова нема да биде поинаку пред нашите фанови, кои сигурно ќе бидат тука за да ни помогнат да оствариме уште една победа во лигата.“

  • Кој е Жоао Габриел Диас Гекас?

Прволигашот Младост од Богданци уште еднаш ги потврди своите високи амбиции за враќање во Суперлигата по неколку сезони пауза. Во таа насока се движат и засилувањата на тимот, а последното доаѓа од Бразил.

Жоао Габриел Диас Гекас е 23-годишен пивотмен, поранешен младински репрезентативец на Бразил, кој настапувал во силната бразилска лига. Во Богданци пристигна од клубот Сао Каетано, каде што минатата сезона беше еден од најдобрите играчи.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!