Останато

Фаик Весели со триумф во Париз избори пласман на Светско првенство во карате во Каиро

Сподели
ФОТО: world karate federation
Сподели

Македонскиот каратист Фаик Весели успеа да избори место на Светското првенство што ќе се одржи во Каиро, Египет, од 27-30 ноември. Весели го оствари овој голем успех на квалификацискиот турнир во Париз, каде што покажа извонредна форма и ментална цврстина во текот на сите борби.

Во групната фаза, македонскиот натпреварувач забележа три победи, со што уверливо обезбеди место во елиминацискиот дел. Таму го совлада домашниот претставник Ахмед ел Амине Хелал од Франција со резултат 1-1, благодарение на правилото за прв освоен поен, што уште еднаш ја потврди неговата концентрација и тактичка подготвеност.

Со овој резултат, Весели не само што обезбеди настап на најголемиот светски карате собир, туку и потврди дека Македонија има свои претставници кои рамноправно можат да се носат со европската и светската елита.

Настапот во Каиро ќе биде голема можност за Весели да го претстави македонскиот карате на највисоко ниво и да се бори за нови медали и признанија, а со својата борбеност и дисциплина веќе покажа дека има капацитет за тоа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар постави откупна клаузула од 1.500.000 евра за Роџерс Касим Мато

Есенскиот првак во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, официјално соопшти дека Управата на клубот донела одлука да утврди откупна клаузула во износ од...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Шкендија Арачиново се засили со големиот талент Зани Назифи

Второлигашот Шкендија Арачиново го промовираше петтото зимски засилување во своите редови, откако официјално го претстави Зани Назифи како нов играч. Се работи за...

Поврзани написи
Останато

Познат изгледот на двојките за претколото од одбојкарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција

Натпреварувањето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија за сезоната 2025/2026 ќе...

Останато

Јанта Волеј се засили со младата репрезентативка Матеа Попоска

Екипата на Јанта Волеј го продолжува процесот на екипирање за понатамошниот дел...

Останато

Ристески: Европската приказна заврши во Милано, но Штип УГД испиша историја

За првпат во македонската клупска историја, во сезоната 2025/2026, дури пет екипи...

Останато

Штип УГД елиминиран во Челинџ купот – Милано пресилен и на реваншот

Одбојкарите на Штип УГД ги завршија настапите во Челинџ купот на ЦЕВ,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!