РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на репрезентативки за контролните натпревари со Русија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против врсничките од Русија. Двата дуели ќе се одиграат на стадионот „Младост“ во Струмица, на 24 и 27 октомври.

Селекторот Кирил Изов за овие подготовки повика 21 фудбалерка, кои ќе имаат задача да го тестираат тимот пред претстојните квалификации.

Голмани: Ведрана Комненова (Љуботен), Ангела Блажева (Каменица Саса)
Одбрана: Росана Китановска (Љуботен), Михаела Додевска (Скопје), Јована Каралиоска (Скопје), Мила Панева (Скопје), Александра Ристевска (Топ Гол), Васка Василева (Каменица Саса), Канита Емини (Истатов), Ангела Димчова (Тиверија Брера)
Среден ред: Теона Галабовска (Тиверија Брера), Стефанија Божинова (Тиверија Брера), Сара Дика (АС Јунајтед), Андреа Коловска (Истатов), Никица Трендова (Скопје), Кристина Крстева (Скопје)
Напад: Настасја Накова (Љуботен), Елена Симјонова (Љуботен), Ана Боризоска (Скопје), Калина Попески (Црвена Звезда, Србија), Емили Митковска (Речица)

Контролните натпревари против Русија ќе бидат клучни за подготовката на тимот за квалификацискиот турнир за Европското првенство, кој ќе се одржи во Струмица од 25 ноември до 1 декември. На турнирот, Македонија ќе се соочи со селекциите на Грузија, Азербејџан и Словенија, во обид да обезбеди пласман во повисок ранг на квалификациите.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид останува на врвот, Пелистер и Работнички израмнети, Тетекс со голем скок, тешка борба за бегство од опасната зона!

Осмото коло на Втората лига направи промени на врвот од табелата, резултати кои најмногу им одговара на дел од екипите во горниот дел...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен останува на врвот, шампионот Скопје втор со бод помалку, промени на средината од табелата, Кочани на дното

Деветтото коло на Првата женска фудбалска лига донесе промени на табелата со што некои екипи напредуваа, а некои се спуштија некоја позиција подолу....

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го доби дербито со Овче Поле, Балкан ја декласираше Победа со 23 гола

Новата сезона во Втората футсал лига на Македонија започна доста ефикасно со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!