Ракомет

Се разгорува битката во Првата ракометна лига – борбата за секој бод е голема!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Шестото коло од Првата ракометна лига ќе се комплетира вечерва со натпреварот меѓу Партизан и Шампион, тоа ќе биде дуел од долниот дел на табелата.

Но, шампионатот се разгорува во горниот дел од табелата, каде се води битка за првото место кое директно води кон Суперлигата, како и за втората позиција која води кон баражот за можен влез во ракометната елита на Македонија.

По шест кола екипата на Мулти Есенс има шест од шест и максимални 12 бодови на своето конто, а пак втор е Младост, но тимот од Богданци меч помалку, но со пет од пет и максимални 10 бодови на своето конто.

Токму овие две екипи веќе во следното коло ќе се соочуваат во меѓусебен дуел кој ќе се одигра во Богданци.

Вардар Неготино е трет со осум бодови на своето конто со учинок од четири победи и два порази, а пак трет е Драчево Јуниор исто така со осум бодови, но тимот од Скопје има меч помалку односно има четири победи и еден пораз кој го доживеа токму од Вадар во Неготино.

Практично овие ќе бидат екипи кои ќе се бодат за влез во Суперлигата, а од коло во коло самата ситуација на табелата прави да гледаме повеќе од супер неизвесна сезона.

Во однос на останатите позиции на табелата Овче Поле, Текстилец и Јехона имаат по шест бода, Аеродром е осми со четири бодови, а толку имаат и Македонија ЃП и Патизан, додека пак два бода има тимот на Преспа. Без бодови е Шампион, а на дното е Кичево со минус еден бод.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!