Ракомет

Осмото коло на Суперлигата се затвара утре: Тиквеш голем фаворит против Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре ќе биде комплетирано осмото коло на ракометната Суперлига со натпреварот меѓу Радовиш и Тиквеш каде во СРЦ „25 Мај“ тимот од Кавадарци ќе биде голем фаворит и ќе го бара своето трето славје.

Радовиш е „фенерџија“ кој е „закован“ на дното како единствен тим кој нема триумф освоено бодови ниту по седум одиграни натпревари, а веќе утре радовишани ќе бидат пред тешка задача за прв позитивен резултат и за прекин на долгата нижа порази.

Тиквеш со триумф ќе има шест бодови и ќе продолжи да ја води битката за шестото место кое води кон плеј-офот.

Натпреварот меѓу Радовиш и Тиквеш се игра со почеток од 19:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сребро за Ведрана Тунески, македонското таеквондо има нова голема надеж!

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески од ТК Бутел оствари одличен резултат на Европското Гранд При (Е6), освојувајќи го сребрениот медал во кадетска конкуренција до...

Прва лигаФудбал

Алити: Ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот

Денес ќе се одигра последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига, во кој на Градскиот стадион во Гостивар, Арсими ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид броеше до 42 против Мулти Есенс за петта суперлигашка победа!

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи во домашното првенство. Актуелниот освојувач на...

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!