Трета лигаФудбал

Левески ќе им суди на Могила и Кораб, Спироски го доби дербито меѓу Влазними и Караорман

Сподели
Сподели

Во недела ќе бидат одиграни натпреварите од 4. коло во Трета лига – Југозапад, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари.

Енис Зекмановски од Ресен ќе патува во Мешеишта, каде ќе им суди на Славеј и Напредок од Ношпал. Негови асистенти ќе бидат Даниел Митревски и Агрон Дафтов, исто така од Ресен.

Димитар Левески од Охрид го доби мечот меѓу Могила и Кораб од Дебар. Негови асистенти ќе бидат Љупчо Спироски и Михајло Ванкоски од Охрид.

Анѓеле Спироски од Струга го доби струшкото дерби меѓу Влазними и Караорман, а ќе му помагаат Кренар Бекри и Петко Бушевски, исто така од Струга.

Климент Ристоски од Струга ќе биде задолжен да ја дели правдата на средбата меѓу Кравари и лидерот Света Троица од Охрид. Негови асистенти ќе бидат Разме Бакрачески и Марио Мојсоски од Струга.

Демир Хисар на домашен терен ќе игра против Велешта, а главен судија на овој меч ќе биде Александар Крстевски од Битола, а ќе му помагаат битолчаните Адмир Бајрами и Бобан Цветаноски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!