Ракомет

Охрид со мака до бодови, момците на Лазаров рутински во Радовиш

Сподели
ФОТО: РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
Сподели

Во четвртото коло од ракометната Суперлига, Охрид се врати на победничките патеки совладувајќи го Еурофарм Пелистер 2 со 22-25. Иако на хартија фаворити, охриѓани мораа да вложат многу енергија за да ги скршат младите и мотивирани битолчани, додека, пак, екипата на Алкалоид  без проблеми го совлада Радовиш на гостински терен со убедливи 23-35.

Во Битола, младите ракометари на Пелистер 2 се покажаа како незгоден противник. Иако охриѓани имаа брзо водство (1-4, 3-7), домашните се вратија во игра предводени од Французинот Одифред и на полувреме резултатот беше минимален (11-12). Во продолжението Азиз ја презеде иницијативата и намали на само еден гол негатива (19-20), но во завршницата пресуди искуството на Охрид.

Сосема поинаква слика се гледаше во Радовиш, каде Алкалоид уште од стартот стави јасно до знаење кој е фаворит. Предводени од Ѓорговски, гостите рано поведоа и контролираа ритам на играта. Радовиш преку Трајчевски и Костадинов во еден момент намали на минус четири, но тоа беше максимумот. Во второто полувреме „сино-белите“ по тајм-аутот на Лазаров заиграа поорганизирано и без поголем напор ја осигураа победата.

ФОТО: РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Кај Охрид се истакнаа Ѓукиќ со девет и Ојлески со седум голови. Исто така, за Охрид, значајни за триумфот беа и голманите со своите одбрани- Чаневски со 12, и Блажески со четири клучни интервенции. За битолчани најдобри беа Азиз со девет и Одифред со шест погодоци, а голманот- Јовановски забележа девет одбрани.

Во Радовиш, капитенот Постолов беше најефикасен со осум гола, додека во таборот на Алкалоид најмногу се истакна Тордарсон со шест, а по пет додадоа Ѓорговски и Стојковиќ.

ФОТО: РК АЛКАЛОИД

Охрид успеа да ја избегне непријатната замка и со тешка победа останува во врвот, додека Алкалоид со лесен триумф ја продолжи својата позитивна серија во домашното првенство. Радовиш и Пелистер 2 пак покажаа борбеност и потенцијал, но искуството сè уште ја прави разликата на вакви дуели.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа со 0:2 на гостувањето кај Детонит Плачковица во заостанатиот натпревар од...

Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот во чешкиот град Пардубице, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Тиквеш ги поделија бодовите

Прилеп и Тиквеш одиграа без победник во последниот натпревар од третото коло...

Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми...

Ракомет

Вардар фуриозно до втора регионална победа, Будванска Ривиера немоќна во Скопје!

Вардар 1961 стигна до втората победа во Регионалната ракометна лига, откако на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!