Трета лигаФудбал

Велешта и Сатеска со високи и убедливи победи, Караорман ја доби Преспа!

Сподели
Сподели

Сатеска на домашен терен во рамки на 5. коло од Трета лига – Југозапад се соочи со ланскиот шампион Кораби од Дебар, кој не го помина баражот за враќање во Втора лига, а каде домаќинот со 4:1 запиша убедлива и превисока победа. Богданоски го отвори резултатот за 1:0 во 22. минута, а веднаш гостинот од Дебар израмни преку Амбари. Во вториот дел со двата гола на голгетерот Никола Секулоски вториот од пенал и голот на Цветаноски екипата на Сатеска дојде до конечни 4:1.

Ланскиот второлигаш Караорман одигра дуел против Преспа од Ресен, а од кој дуел домаќинот со голот на Ивица Ќелешоски запиша минимална победа од 1:0.

Евротип со 2:0 беше подобар од Демир Хисар откако стрелци на погодоци беа Јанакиевски и Кузманов.

Велешта на домашен терен играше против Светлост од Кукуречани, каде домаќинот со 5:1 го декласираше гостинот преку погодоци на Меритон Мерко, Шпетим Каба, Лум Ќира, Фартам Хани и Диели Каба, а за гостинот единствен стрелец беше Лазаревски.

Славеј во Мешеишта се соочи со Света Троица од Охрид во меч без победник и без голови (0:0) и поделба на бодовите.

Кравари против Влазними триумфираше со 2:0 во финишот на вториот дел Марцевски и Мерсими обезбедија три бодови за домаќинот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Кадино и Аеродром, Тодоровски на Куманово и Шкендија Арачиново

Денес со натпреварот меѓу Кадино и Аеродром ќе биде отворено 16. коло на Трета лига – Север, а колото ќе се комплетира утре...

Трета лигаФудбал

Стојсавлевиќ ќе им суди на Слога и Големо Коњари, Костов на Венец и Питу Гули!

Во недела ќе се одиграат пет натпревари од 16. коло на Трета лига – Југ, а во рамки на оваа рунда слободни ќе...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Кадино и Аеродром, Тодоровски на Куманово и Шкендија Арачиново

Денес со натпреварот меѓу Кадино и Аеродром ќе биде отворено 16. коло...

Трета лигаФудбал

Стојсавлевиќ ќе им суди на Слога и Големо Коњари, Костов на Венец и Питу Гули!

Во недела ќе се одиграат пет натпревари од 16. коло на Трета...

Трета лигаФудбал

Мартиновски ќе им суди на Света Троица и Сатеска, Зекмановски главен во Мешеишта

Утре започнува пролетната полусезона во Третата фудбалска лига – Југозапад, овој регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!