Трета лигаФудбал

Љуботен слави голем победа над Камјани со седум гола, Дрита подобра од Зајази

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977 | АРХИВА
Сподели

Камјани на домашен терен против Љуботен во рамки на 5. коло од Трета лига – Запад забележа пораз со резултат од 3:4. Во интересен и неизвесен меч со седум погодоци гостинот има важна победа. Берзати беше двоен стрелец за домаќинот, а вториот гол го постигна од пенал, а во листата за стрелци во судиското надополнување се запиша и Ејупи. За Љуботен стрелци беа Билбилоски, Симњановски, Костадиноски и Петровски.

Велазерими од Слатино играше дерби против одличниот Доброшти, каде домаќинот беше убедлив со 4:1, во меч каде паднаа два автогола. Аземи и Елези си постигнаа автоголови, а пак Мемеди и Лимани беа стрелци за домаќонот. За гостинот единствен стрелец беше Етеми.

Зајази на свој терен се соочи со Дрита и претрпе пораз со резултат од 0:2, откако гостинот триумфираше со головите на Џемаили и Дико.

За вчерашните натпревари со резултати и стрелци, извештајот кој го објави Спортска Мрежа е достапен овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!