Трета лигаФудбал

Влазерими и Тетекс со големи победи, натпреварот меѓу Речица и Напредок не се одигра!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Ланскиот шампион Влазерими однесе висока победа од 4:0 над Вардар Брвеница на домашен терен, во рамки на 5. коло од Трета лига – Запад.

Лабинот Елезе и Мурат Адили беа двојни стрелци за домашниот тим, кој и во новата сезона ќе се обиде да стигне до првото место, по третпат да биде шампион и преку трет бараж да успее да се пласира во Втората лига, откако претходните два баражи ги загуби.

Ланскиот второлигаш Тетекс со 4:2 славеше над ланскиот вицешампион Џепчишти, во меч на кои беа поделени четири црвени картони и седум жолти картони.

На полувреме резултат беше 3:1 за „штофарите“, откако најпрво гоститено преку Арсими Зубери во 7. минута дојде до 0:1, а потоа домашниот тим направи пресврт. Меритон Салији преку пресврт погоди за 1:1, а пак Азис Јасмини во 37. минута стрелаше за водство на Тетекс од 2:1. Во финишот на првиот дел Салији со втор гол погоди за 3:1.

Во второто полувреме гостинскиот тим намали на 3:2 преку Ментор Саљиу во 63. минута, а пет минути подоцна со трет гол Салији погоди за 4:2.

Но, потоа главниот судија Фуркан Идризи имаше доста работа, откако во 75. минута поради неспортско однесување заработи по два жолти картони на Арѓенд Аљија од Тетекс и Арсим Зубери од Џепчишти и беа исклучени од играта. Пет минути подоцна капитенот на Тетекс, Меритон Салији кој постигна хет-трик заработи директен црвен картон поради неспортско однесување, а директен црвен картон заработи и Беким Садики од гостинскиот тим, исто така поради неспортско однесување.

Во финишот од мечот и двете екипи со по два играчи помалку на теренот продолжија, но резултат од 68. минута стана конечен, односно 4:2.

Натпреварот меѓу Речица и Напредок не се одигра, а во официјалниот записник од натпреварот е заведена и официјалната причина зошто натпреварот не се одиграл.

„Гостинската екипа се појави на терен со исти дресови, судиите констатираа дека со иста боја не смее да се игра, судиите побараа од гостите да ги сменат дресовите, меѓутоа тие немаа други дресови, побаравме од домашните да им обезбедат дресови, меѓутоа и тие немале. Гостинската екипа обезбеди маркери со друга боја после чекање од 50 минути. После толку време чекање и обезбедени маркери со други бои домашните играчи одбија да излезат на терен поради страв да не се повредат бидејќи поминало време од загревањето.“

Натпреварот дополнително ќе се одлучува каков епилог ќе има.

Колото ќе се комплетира утре. Камјани дома игра со Љуботен, Велазерими Слатино ќе игра против Доброшти, а пак Зајази ќе се соочи со Дрита.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!