Прилепскиот второлигаш експресно го назначи новиот шеф на стручниот штаб – Филип Мирчески. 36 – годишниот Мирчески доаѓа на местото на Столе Дунимаглоски кој си поднесе оставка и ќе го превземе тимот во најтешките моменти каде ќе има за цел да се врати на победничките патеки и да состави добар тим кој ќе се бори за опстанок.
Со само еден освоен бод, четири порази и едно реми екипата на Победа е претпоследна со само еден бод на контото а гол разликата е 5 постигнати погодоци и 20 примени.
Второлигашот се соочува со финанскиски долгови и сериозно е прашањето како ќе успее клубот да се нормализира, бидејќи претходната сезона во последно коло се бореше за опстанок а една сезона играше и бараж за опстанок но ќе видиме како ќе се биде сега со новиот тренер дали нешто ќе успее да промени или ќе остане на дното на табелата.