Останато

Капитенот Никола Ѓорѓиев има нов клуб – потпиша за Рапид Букурешт

Сподели
ФОТО: instagram Rapid Volei Bucuresti
Сподели

Капитенот на машката сениорска репрезентација на Македонија 37-годишниот Никола Ѓорѓиев има нов клуб, потпиша за Рапид Букурешт. По кратката епизода во Турција тој одлучи да го промени клубот и средината и оваа сезона ќе го носи дресот на Рапид.

„Одлично се адаптирам во клубот и во новата средина. Се приклучив на екипата на стартот на подготовките на планина и по две седмици поминати таму, сега сме во Букурешт каде продолжуваме со работа. Имаме неколку отсуства на играчи каде што имаат репрезентативни обрски со настапи на СП, но до крајот на оваа недела се надевам дека ќе бидеме комплетни затоа што следи фазата на воигрување во тимот. Почетокот на првенството започнува на 18 октомври, а до тогаш имаме три силни турнири во Брашов, Галаци, и Залау. Имаме одлични услови за работа, фантастична организација, и атмосфера во клубот и верувам дека ги имаме сите предуслови да добра и успешна сезона.“ – изјави капитенот Ѓорѓиев.

За 37-годишниот коректор ова ќе биде 21-ва интернационална сезона, со што дополнително го потврдува својот статус на еден од најдолговечните и најуспешните македонски спортисти. Досега настапуваше за клубови во Словенија, Србија, Италија, Јапонија, Полска, Турција и Германија, а сега и Романија оставајќи силна трага на секоја одбојкарска сцена каде што играл.

Со потписот за Рапид, Ѓорѓиев ќе има нова можност да ги потврди своите квалитети во нападот и да ја продолжи богатата кариера со уште едно големо поглавје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!